„Би-Би-Си“ објави Топ 20 таленти на Евро 2020, помеѓу нив е и Елмас!

0

Во овој избор се наоѓа и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, за играчот на Наполи се вели дека постигна четири голови во евроквалификациите и уште два во првите три меча од мундијалските квалификации.

Го постигна победничкиот гол во големата победа над Германија во Дуизбург (1:2). Минатиот август го продолжи договорот со Наполи до 2025 година.

 

Наполи плати 15 милиони фунти за Елмас кога имаше само 19 години, но веќе беше ѕвезда во Турција после две сезони во Фенербахче.

Може да игра „лажна деветка“, активен и во одбраната и во нападот, со добри две сезони во Наполи и со над 200 натпревари, Евро 2020 би можело да биде неговата платформа за уште поголемо реноме.

Покрај Елмас, во Топ 20 таленти на ЕП според „Би-Би-Си“ се наоѓаат уште: Жереми Доку (Белгија), Џордан Ларсон (Шведска), Жул Кунде (Франција), Адам Хложек (Чешка), Бечир Омерагиќ (Швајцарија), Рајан Гравенберх (Холандија), Оркан Кокчу (Турција), Александер Исак (Шведска), Алекс Крал (Чешка), Нуно Мендеш (Португалија), Џамал Мусиала (Германија), Саша Калајџиќ (Австрија), Халил Дервишоглу (Турција), Кристоф Баумгартнер (Австрија), Томас Суслов (Словачка), Камил Пјатковски (Полска), Јоско Гвардиол (Хрватска), Они Валакари (Финска) и Педри (Шпанија).

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content