Арсовска избрана за претседател на ЗЕЛС, Јовчески во Надзорниот одбор

0

На Собранието присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески, кој е избран за член на Надзорниот одбор на оваа организација која ги обединува сите локални самоуправи во државата.

Денес присуствував на конститутивната седница на ЗЕЛС, како делегат на Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Едногласно беше избрана градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за претседател на ЗЕЛС, заедница која што ги обединува сите 81 општина во Република Македонија. Честитам за изборот за претседател на Данела и сигурен сум дека сите заедно ќе ги исполниме зацртаните цели кои во целост ќе ги застапуваат интересите на граѓаните. И како што кажа новиот претседател на ЗЕЛС, главна цел во наредниот четиригодишен мандат ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиска стабилност и независност на сите општини. Воедно сакам да се заблагодарам на честа што сум избран за член на Надзорниот одбор на ЗЕЛС. Секогаш во интерес на граѓаните, заедно продолжуваме кон реализирање на проектите – напиша Јовчески на ФБ.

 

   

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content