Анкетите откриваат зошто Ковачевски бега од народот и од избори, ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од дупло поголема поддршка во однос на СДСМ

46
ВМРО-ДПМНЕ со два и пол пати поголем рејтинг од СДСМ, Ковачевски ќе биде згазен од народот на следните избори, покажува најновата теренска анкета на ИПСОС спроведена на 1.014 испитаници во период од 1 до 18 јули годинава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ би издвојувала убедлива победа на следните избори, а тоа го потврдуваат и процентите, односно на прашањето спроведено на цела популација доколку на следните избори би се кандидирале само партиите, а не коалициите за која партија би гласале, најголем дел од испитаниците одговориле за ВМРО-ДПМНЕ или 19.7 проценти, додека за СДСМ само 9.5 проценти, што е разлика од 10.2 проценти. Потоа ДУИ со 6.2 проценти, Левица со 5.9 проценти, Алијанса на Албанците 2.8 проценти, други партии 4.2 проценти. Неодлучиле 22.5 проценти, одбиле да одговорат 17 проценти од испитаниците, а само 12.2 проценти не би гласале.
Додека пак на истото прашање од анкетата, но спроведена на определена популација со push од 48 проценти, одговориле дека на следните избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ или 40.8 проценти, додека за СДСМ само 16,6 проценти. Тоа е разлика од високи 21.2 проценти во однос на предноста на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ.
Понатаму е ДУИ со 12.8 проценти, Левица 12.2 проценти, Алијанса на Албанците 5.9 проценти, а за останатите политички партии 8.7 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат, се вели во партиското соопштение.
Дополнително, како што се наведува во соопштението, на прашањето како граѓаните го оценуваат досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија оценувајќи го од 1 како лош резултат до 5 како одличен резултат, 36 проценти од испитаниците го оцениле со 1, а само 8 проценти до оценка 5. Потоа со оценка 2, 15 проценти, со оценка 3 го оцениле 20 проценти од анкетираните, со оценка 4 го оцениле само 8 процени, додека 10 проценти од испитаниците одговориле со не знам.

Анкетата покажува дека Ковачевски од страна на граѓаните не добил ниту преодна оценка.

– Согласно податоците на анкетата на ИСПОС на следните избори ви излегне од 870.000 до 875.000 граѓани, или споредено во гласови ВМРО-ДПМНЕ би освоиле од 355.000 до 360 илјади гласови, додека СДСМ од 170.000 до 175.000 гласови, или за 180.000 гласови помалку во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму, ДУИ од 110.000 до 115.000 гласови, Левица од 100.000 до 105.000 гласови, Алијанса на Албанците 50.000 до 55.000 гласови и другите политички партии од 75.000 до 80.000 гласови.

Анкетата на ИПСОС го покажува огромното незадоволство и револт од страна на граѓаните кон владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, и јасно потврдува дека неопходни се промени.

За потсетување само оваа година вкупно четири анкети спорведени од релевантни истражувачки агенции покажаа убедлив раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, велат уште од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека на граѓаните им е преку глава од катастрофалните и штетни политики, не поминуваат веќе лагите и манипулациите од страна на СДСМ и Ковачевски.

– Ковачевски и СДСМ се свесни дека ќе ги изгубат изборите и затоа бегаат, бидејќи бројки покажуваат дека Македонија и граѓаните се за промени, а релевантноста на анкетите СДСМ и Ковачевски ќе ја видат на следните избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content