СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Албуми кои станаа класици за празничната сезона: Од Гвен Стефани до Френк Синатра

САД – Албуми од понов датум и преиздавање на некои класични албуми се совршен саундтрак за празничната сезона. Музичари како Гвен Стефани, Сиа, Смоки Робинсон, па сè до Херб Алберт ни сервираат нова празнична музика, а доколку ги претпочитате класиците, секогаш може да најдете ново издание од Винс Гваралди или компилација од музиката на Елвис Присли или на Френк Синатра.

 

Сиа, (Everyday Is Christmas)

Мистериозната пејачка и текстописец на социјалните мрежи пушти мал тизер од албумот со фотографија од нејзиниот гол грб велејќи дека некој се заканил дека ќе објави фотографии каде што е разголена, па таа го претекнала. („Секој ден е Божиќ!“, напиша таа на Инстаграм.) Каква и да е нејзината намера со фотографијата, Сиа покажа дека прави многу повеќе од другите ѕвезди што прават на своите празнични албуми. Таа напиша 10 оригинални песни со славниот соработник Грег Крстин, вклучувајќи го и забавниот прв сингл „Дедо Мраз доаѓа по нас“ (Santa’s Coming for Us) и баладата на пијано „Снешко“ (Snowman). Нема ниедна преработка на овој албум.

Гвен Стефани, „You make It Feel Like Christmas“

Инструкторот на „Војс“ и некогашната пејачка на „Ноу даут“ се инспирирала да напише празнична песна при посетата на нејзиниот свршеник Блејк Шелтон на неговиот ранч во Оклахома. Првичната инспирација прерасна во цел празничен албум вклучувајќи шест оригинални и шест преработки на божиќни класици, од „Last Christmas“ и „Santa Baby“, па сè до „Let It Snow“ и „Silent Night“. Шелтон гостува на главната сентиментална песна. Гвен успеа да најде средина помеѓу женските групи од 60-тите од продукцијата „Спектор“ и дивата од 90-тите, Мараја Кери.

„Чип Трик“, „Christmas Christmas“

Најдобрите од Рокфорд, Илиноис, ви го нудат својот новогодишен албум, кој вклучува три оригинални и широк избор на божиќни класици и помалку познати нумери, од не толку тивката верзија на „Тивка ноќ“, па сè до забрзаната верзија на „Merry Christmas – I Don’t Want To Fight Tonight“, како и рокабили-верзијата на Џими Фалон и Хорацио Санс на класичната песна на шоуто „Saturday Night Live“, „I Wish It Was Christmas Today“ и веселата преработка на „Кинкс“, „Father Christmas“.

Фантазија „Christmas After Midnight“

Победничката во третата сезона на „Американски идол“ ја понуди својата прва празнична колекција со 12 песни која ги вклучува вообичаените класици („Тивка ноќ“, „Имајте убав Божиќ“), како и неколку изненадувања како што е „Santa Claus Go Straight to the Ghetto“ на Џејмс Браун и нејзина верзија на „Baby, It’s Cold Outside“ со Си Лоу Грин како специјален гостин.

Смоки Робинсон, „Christmas Everyday“
Овој празничен албум на поранешниот член на „Мираклс“ е ексклузивитет на „Амазон“ и вклучува три оригинални, една од нив е и првиот сингл кој е снимен со „Мираклс“ во 1963 година за Божиќ. Преработките вклучуваат и песна од Дони Хатавеј наречена „This Christmas“ и „Please Come Home For Christmas“ на Чарлс Браун. Специјални гости на албумот се „Дап кингс“, „Тејк 6“ и „Тромбоун шорти“. Со овој албум 79-годишниот Смоки докажува дека сè уште може да пее.

„98 Дигриз“, „let It Snow“

Осумнаесет години по издавањето на нивниот прв албум, ветеранскиот бој-бенд предводен од браќата Лашеј, се враќаат со божиќен албум. Тој вклучува една оригинална песна наречена „Season of Love“, како и преработки на класиците „Season of Love“ и синглот „Little Saint Nick“. Ако сте им биле обожаватели како млади, сигурно ќе ви се допаднат, иако момците се сега мажи.

„Битлси“, „The Christmas Records“

За време на „битлманијата“, која траеше од 1963 до 1969 година, славната четворка сними и објави празнични пораки и песни на флекси-дискови за нивните лојални обожаватели. Овие ретки примероци се првпат јавно објавени како пакет од колоритни винил-синглови заедно со оригиналната анимација на флекси-дискот и каталог од 16 страници со белешките за снимките, како и принтови од националниот билтен што им го испраќале на фановите. Четири од шест сингла се на едната страна. Ова е повеќе колекциско парче отколку божиќен албум.

Винс Гваралди, „A Charlie Brown Christmas“

Саундтракот на класичната анимирана ТВ-серија од 1965 година сега се реиздава на 180-грамски винил. Иако некои може да ја дисквалификуваат како музика од цртан филм, нејзиниот успех е многу сериозен – албумот е вториот најпродаван џез-албум на сите времиња, надминат само од „Kind of Blue“ на Мајлс Дејвис. Овој албум е вистински евергрин.

Франк Синатра, „Ultimate Christmas“

Оваа компилација вклучува 20 од најдобрите празнични снимки на Синоокиот, извадени од неговите денови со „Капитол“ и „Реприз“. Задржувајќи го фамилијарниот празничен дух, три нумери, меѓу кои и „The Twelve Days of Christmas“, се соработка на Синатра со неговите деца Ненси, Тина и Френк Џуниор. Албумот може да се најде на цеде и два ЛП-винил сетови, како и во ограничен примерок на два ЛП бела винил-верзија. Не може да погрешите со празничните класици на Синатра. Ќе биде огромен хит за вашите баби и дедовци.

Елвис Присли, „Christmas with Elvis and the Royal Philharmonic Orchestra“

Ова не е типично преиздавање, туку поинакви верзии на некои од празничните снимки на Кралот од неговиот божиќен албум од 1957 и 1971 година, изведени заедно со Кралскиот филхармониски оркестар. Новиот албум е проследен со уште две комбинации на Елвис со оркестарот од 2015 наречен „If I Can Dream“ и таа од 2016 година „The Wonder Of You“. Делукс-изданиетo вклучува 4 бонус-нумери во симфониска верзија на песните од албумот „Peace in the Valley“. Вљубениците може да речат дека оригиналните песни се уништени, но обичниот обожавател би уживал во слаткиот звук на жиците.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content