Ако владата не донесе нови мерки следи затворање на пумпите

0

Премиерот Андреј Пленковиќ најави за понеделник телефонска седница на владата поради цените на горивата, бидејќи во вторник истекува важноста на владиниот указ за замрзнување.

Евродизелот на автопатиштата во моментов чини 14,57 куни за литар, а евросуперот 95 14,06 куни. Литар основен евродизел на пумпите кои не се автопатите чини 13,08 куни, а евросуперот 95 13,50 куни.

Пленковиќ вчера најави можно воведување на ваучери за гориво за особено загрозените групи граѓани.

„Воведувањето ваучери за гориво е можно на есен, таа можност е отворена, но владата сè уште има други алати на располагање“, кажа Пленковиќ.

Во меѓувреме, шефот на Здружението на мали трговци со нафтени деривати Армандо Милјавац кажа дека во вторник ќе се затворат бензинските пумпи ако владата нешто не преземе.

Здружението обединува над 60 мали трговци кои управуваат со стотина бензински пумпи низ Хрватска. „Ако во вторник не биде донесена прифатлива одлука за нормално работење и продолжување на работењето, ние решивме да ги затвориме пумпите“, кажа Милјавац за Индекс.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Прифаќам Повеќе

Skip to content