СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Ако владата не донесе нови мерки следи затворање на пумпите

Ако хрватската влада до вторник не преземе мерки, горивата би можеле повторно да поскапат. Според неофицијалните информации на ХРТ, евросуперот би можел да чини околу 16 куни (2,12 евра) а евродизелот и над 16,5 куни.

Премиерот Андреј Пленковиќ најави за понеделник телефонска седница на владата поради цените на горивата, бидејќи во вторник истекува важноста на владиниот указ за замрзнување.

Евродизелот на автопатиштата во моментов чини 14,57 куни за литар, а евросуперот 95 14,06 куни. Литар основен евродизел на пумпите кои не се автопатите чини 13,08 куни, а евросуперот 95 13,50 куни.

Пленковиќ вчера најави можно воведување на ваучери за гориво за особено загрозените групи граѓани.

„Воведувањето ваучери за гориво е можно на есен, таа можност е отворена, но владата сè уште има други алати на располагање“, кажа Пленковиќ.

Во меѓувреме, шефот на Здружението на мали трговци со нафтени деривати Армандо Милјавац кажа дека во вторник ќе се затворат бензинските пумпи ако владата нешто не преземе.

Здружението обединува над 60 мали трговци кои управуваат со стотина бензински пумпи низ Хрватска. „Ако во вторник не биде донесена прифатлива одлука за нормално работење и продолжување на работењето, ние решивме да ги затвориме пумпите“, кажа Милјавац за Индекс.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content