СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Агенцијата за управување со одземен имот ќе претседава со БАМИН мрежата во периодот 2024 – 2025

Агенцијата за управување со одземен имот на Република Северна Македонија ќе претседава со БАМИН мрежата (Балканската интерагенциска мрежа за управување со нелегално стекнат имот) во периодот 2024 – 2025 година.

– Со задоволство објавувам дека имам чест како директор на Агенцијата за управување со одземен имот, да претседавам со БАМИН мрежата во периодот 2024 – 2025 година. Со голема чест Р. С.

Македонија ќе го одржи Претседателството на Бамин во наведениот период, а оваа одлука ја донесовме денес на одржаната седница на Управнот одбор на БАМИН мрежата, објави директорот на Агенцијата Друтон Небиу.

Ова, посочува Небиу, претставува голем чекор во напредокот за нашата земја во областа на управувањето со одземениот имот, а при тоа и во зајакнувањето на капацитетите на финансиските истраги и конфискација на нелегално стекнат имот.

аа/Фото: Агенцијата за управување со одземен имот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content