Џудо клубот Сеишин – Прилеп активен на спортски план

50

Џудо Клубот Сеишин – Прилеп со своите членови веќе еден месец е активен на спортски план по прекинот и забраната за тренинзи заради пандемијата со Ковид-19. Тренажниот процес се одвива на отворено согласно препораките и протоколите издадени од Здравствената комисија и Џудо Федерација на Македонија.

Со тренинзите раководат стручни и лиценцирани џудо тренери и истите главно се насочени кон враќање на кондиционата подготовка како и техничка подготовка со помош на дополнителни справи и реквизити без контакт со партнери заради дадените протоколи. Стручните кадри на клубот обрнуваат особено внимание на спроведувањето на мерките за безбедност како што се: Одржување соодветно растојание, употреба на заштитни маски и средства за дезинфекција, мерење телесна температура и слично.

 

Моментално тренинзите се одвиваат на Паркот на Могилата во Прилеп во следните термини: Понеделник, Среда и Петок од 17.30 часот. Џудо клубот Сеишин потенцира дека веќе 80% од членовите се вратени во тренажниот процес а има и актуелен упис на нови членови чија бројка е значителна.

Џудо Клубот Сеишин Апелира до сите спортисти без разлика од кој спорт припаѓаат да се вратат во спортските екипи доколку тоа не го сториле досега, оние кои сакаат да започнат да тренираат и да се занимаваат со некој спорт исто така да не се колебаат и НАЈВАЖНО од се да ги следат инструкциите на стручните лица и строго да ги почитуваат протоколите за Тренинг издадени од стручните здравствени установи.

Се надеваме и веруваме дека за многу брзо време сите спортисти ќе ја пребродиме оваа состојба и ќе се вратиме во спортските сали на тренинзи, натпревари и турнири.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content