СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Десет филма на годинашниот фестивал „Богородичен покров“

Петтиот по ред меѓународен фестивал за духовни, хумани и културни вредности „Богородичен покров“, единствен од ваков вид во Македонија и во регионот посветен на Пресвета Богородица, ќе биде отворен вечерва, во 19 часот, по повод празникот на раѓањето на Богородица, на платото пред Кинотеката на Македонија, а ќе трае до 24 септември.

Фестивалот се отвора со официјална и концертна програма и со доделување дипломи за духовни вредности. Гости ќе бидат: Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација, Ласло Иштаван, амбасадор на Унгарија, Лубомир Пшенка, заменик-амбасадор на Чешка, Габриел Никола, заменик-амбасадор на Романија, Емануел Рембер, директор на Францускиот институт, Велимир Стојковски, руски почесен конзул, Петр Долежал, чешки почесен конзул и Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Богословскиот факултет. Ќе настапат групата „Синтезис“ и вокалниот ансамбл „Мелизма“, под диригентската палка на Марија Андонова.

 

Во 20 часот проекција ќе има рускиот документарен филм „Благодатна утеха“ за „Светотроицка Сергиева Лавра“, посветена на свети Сергеј Радонешки, еден од најголемите христијански центри во Русија и во светот. Во 20.30 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Зошто на сите им солзат очите во Чикошомљуи“. На празникот Св.Троица над половина милион луѓе Унгарци од целиот свет одат на аџилак на огромен рид, кој е на територијата на Романија, за да ѝ оддадат слава и чест на Пресвета Богородица. Оваа традиција ја одржуваат секоја година, цели 454 години, и имаат посебна причина за тоа… Тоа е накратко содржината на филмот.

На фестивалот ќе бидат прикажани десет филма од Русија, Чешка Република, Романија, Унгарија, Франција. Досега е поддржан од десет амбасади во Македонија. Овој фестивал е единствен од ваков жанр во нашата земја. Основачи на фестивалот се Зорица Костовска, ТВ и филмска продуцентка и теолог, и упокоен Коле Јовановски, монтажер и режисер во МТВ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content