Џудо Клубот СЕИШИН од Прилеп ги започна активностите

83

Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп по преодниот период и летните одмори повторно започнува со активностите.

Имено клубот официјално на 10 ти Август ја направи првата прозивка по паузата каде што одзивот беше голем бидејќи членовите со нетрпение очекуваа почеток на тренинзите и подготовките за втората полусезона!!!

Додека пак за еден дел од членовите кандидати за соодветни старосни категории во џудо репрезентација пауза скоро и да немаше бидејќи истите активно се подготвуваа за настап на Балканските првенства во џудо кои треба да се одржат во месец септември.

Со сите останати членови клубот најпрво започнува подготовки на отворените терени на паркот на Могилата во град Прилеп и тоа 3 пати неделно во Понеделник Среда и Петок од 18.00 часот.

Стручниот тим на клубот е спремен и веќе ја има адаптирано својата програма за работа како и за настап на претстојните Државни и Меѓународни првенства!!!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content