СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Победа денеска а свој терен го пречекува Тиквеш

По стартниот неуспех во Струга, фудбалерите на Победа денеска, со почеток од 17 часот, на Градскиот стадион “Гоце Делчев”, во премиерниот меч на свој терен по враќањето во Првата лига ќе го пречекаат Тиквеш.

Децении наназад комшиските дуели на двата клуба предизвикувале посебен интерес кај љубителите на фудбалот. Клубовите се спортски пријатели, но и лути ривали. Се чини подобра увертира за отворање на прволигашката сезона и не можеше да се посака.

Сигурно од натпреварувачки аспект бодовите се потребни за двата тима, а црвено-белите како домаќини и повратници во елитната конкуренција сигурно ќе ги посакуваат повеќе.

Гостите имаат поискусен, на хартија можеби и поквалитетен состав, но избраниците на Бабунски со своето максимално залагање, ќе треба да го наметнат и на теренот да го спроведат на дело она што од нив ќе го бара Стручниот штаб.

Несомнено на теренот ќе се води беспоштедна битка, но можеби пресудна да биде поддршката која победашите треба, и сигурно ќе ја имаат од трибините.

-Ако на решавачките мечеви во Втората лига имаше по 4-5 илјади гледачи, тогаш на овој дуел во Првата лига црвено-белите треба да имаат поддршка од побројна и погласна публика во текот на сите 90 минути, дотолку повеќе што по пауза од 12 години ќе се игра прволигашки фудбал на Градски – велат од клубот.

Бидејќи мечот е прогласен од висок ризик и вратите на стадионот ќе се затворат во време на почетокот (17 ч,) ФК Победа ги повикува љубителите на фудбалот на стадион да дојдат порано од вообичаено, и сите да си набават влезница по симболична цена од 100 денари, со што на директен начин скромно ќе помогнат во финансирањето на клубот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content