ЏК „Сеишин“ се вратија со 7 медали од Косово (Фото)

62

На турнирот учество зедоа клубови од 5 држави и тоа од: Косово, Црна Гора, Албанија, Турција и Македонија.

Единствен претставник од Македонија беше ЏК Сеишин Прилеп, кој настапи со 7 натпреварувачи, при што освоени се и 7 медали (2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени медали).

Резултати поединечно:

Кадетки: 1. Теа Настоска кат.-44 кг – 1-во место; 2. Теона Настоска кат.-44 кг. – 2-ро место; 3. Елеонора Илиоска -48 кг. – 2-ро место

Кадети: 4. Јован Стојаноски кат. -55 кг. – 3=то место; 5. Михаил Стојаноски кат. -60 кг. – 1-во место, 6. Михаил Димоски кат. -66 кг. – 3-то место

Сениорки: 7. Теодора Димеска кат. -52 кг. – 2-ро место.

Екипата на ЏК “Сеишин” ја предводеа тренерите Дејан Мицкоски и Мартин Ристески, кои се задоволни со освоените резултати и најавуваат учество на вакви турнири почесто, со цел акумулирање на поголемо искуство кај прилепските натпреварувачи.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content