Шест градоначалници и четворица пратеници од Пелагонискиот регион бараат измени во Законот за тутун

34

На средбата беа градоначалниците на Прилеп, Битола, на Могила, Новаци, Демир Хисар и од Долнени како и по двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и од Битола.

Според иницијаторот на средбата, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески барањето за измените во Законот за тутун и подобрувањето на положбата на тутунарите е на барањето и на тутунските здруженија и на производителите од Регионот кои сметаат дека тутунот реално не се цени, а е со добар квалитет.

Јовчески минатата недела одржа средба со дел тутунски здурженија, но не и со Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

– Се обративме и до земјоделскиот инспекторат да ги зајакне контролите на откупните пунктови. Тутунот е стратегијска култура, од него зависат локалните економии во Пелагонискиот регион, рече Јовчески.

Пратеникот од Прилеп Петар Ристески најави дека идната недела иницијативата за законските измени и официјално ќе се поднесе до Собранието. Всушност има повеќе делови од Законот кои им даваат многу права на откупуивачите, а малку на тутунарите.

– Идната недела и официјално ќе ја поднесеме иницијативата за измените. А и имаме, како партија наш предлог закон кој досега на двапати е одбиван. Да се забрани увоз на тутун додека не се откупи домашното производство, а има и други одредби кои ја прават тешка позицијата на тутунарите, а повеќе права имаат откупувачите. Со законот, државата нема контрола на откупот на тутун. За оваа реколта се склучени договори за 22 000 тони, но нема повеќе од 19-20 000 тони. Имаме информации за тутунари кои не насадиле, а склучиле договори и земаат субвенции. И, ако се купи тутун повеќе од 20 000 тони, тоа значи од некаде е донесен, а не е домашно производство. Од тутунот живеат 30 000 семејства и е многу битен за економијата, посебно во Пелагонискиот регион, смета пратеникот Ристески.

Според Сојузот на земјоделските здруженија, до Нова година се откупени околу 9 300 тони по просечна цена од 192 денари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content