Францускиот предлог во целост објавен на сајтот на Владата

42

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција, по средбата со партиските лидери од владината коалиција изјави дека предлогот ги инкорпорира забелешките и јасно изразените ставови на државата. Истовремено, тој посочи дека како Влада доследно се држеле до државните позиции во однос на преговорите.

„Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонски јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Многу важно, нашата позиција за понатамошно и отпочнување безусловно на преговарачкиот процес и одржување на меѓувладина конференција со ЕУ исто така е инкорпориран во предлогот којшто е доставен кај нас“, изјави Ковачевски.

За да се изгради официјален став, Ковачевски посочи дека со оваа средба денеска се отпочнал широкиот консултативен процес, кој треба да продолжи со претседателот на државата, парламентот, опозицијата, граѓанскиот сектор, медиумите, експертската и целокупната јавност во земјата.

Претседателот на Франција Емануел Макрон, земјата која претседаваше со Европската Унија, вчера изјави дека можеби е најдено компромисно решение за спорот помеѓу Македонија и Бугарија. Предлогот потоа стигна и до македонските власти.

Новиот француски предлог доаѓа откако првичниот предлог на француското претседателство беше отфрлен од македонските власти за време на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content