„Фајненшл тајмс“: Бугарија бара Македонија да ги вметне Бугарите во уставот како „конститутивен народ“, а не ги признава Македонците во Бугарија!

87

„Вчерашната анализа на угледниот ‘Фајненшл тајмс’ ја констатира грешката на ЕУ во врска со спорот меѓу Бугарија и Македонија, нагласувајќи дека потегот на ЕУ да застане целосно на страната на Софија е апсолутно – погрешен.“ – пренесе весникот „Нова Македонија“ во текстот под наслов „Темни балкански облаци над проширувањето на ЕУ“.

„Фајненшл тајмс“: ЕУ прави лош балкански преседан!

„Нова Македонија“ натаму пренесува: Од месец на месец европското соседство станува сѐ поопасно и неволите се во нагорна линија, констатира на почетокот на својата анализа „Фајненшл тајмс“. Авторот на анализата се фокусира на, како што пишува, „балканскиот проблем што добива премалку внимание“, односно на напнатоста меѓу Бугарија, членка на ЕУ, и Македонија, која се надева дека ќе му се приклучи на ЕУ-клубот. Авторот анализира во насока дека напнатоста меѓу Софија и Скопје „ќе се влоши“, констатирајќи дека „тоа е лошо за амбицијата на ЕУ да го прошири своето членство во Источна и во Југоисточна Европа“.

Во суштина, ЕУ рече дека * Македонија не може да се приклучи, ако не исполни ригорозни барања од Бугарија, нејзиниот сосед, поврзани со јазикот, националниот идентитет и историјата – прашања за кои двете земји имаат долги и сложени односи.

За анализа за тоа зошто одлуката на ЕУ беше погрешна, ве молиме прочитајте го овој извонреден есеј од Едвард Џозеф за Факултетот за напредни меѓународни студии на Универзитетот „Џон Хопкинс“. Како што објаснува Џозеф, одлуката не само што ѝ дава на Бугарија де факто право на вето на преговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ туку и поставува ужасен преседан за поголемиот процес на проширување.

Секоја земја што се надева да ѝ се приклучи на ЕУ, всушност може да биде блокирана од постојна земја членка со поплаки, што се засноваат на еднострано читање на историјата и националниот идентитет. ЕУ треба да биде чесен посредник во таквите спорови, но во овој случај ЕУ застана целосно зад Бугарија!

– Еден чекор што се бара од * Македонија е да го измени својот устав, за да ги спомене Бугарите како еден од „конститутивните народи“ на земјата. Ова е доста големо прашање, со оглед на тоа што Бугарија не го признава македонскиот јазик (сметајќи го како дијалект на бугарскиот), а не го признава ниту постоењето на македонското малцинство во Бугарија – се вели во анализата.

Сепак, Владата на * Македонија подлегна на притисокот да ја направи промената, бидејќи сака да ѝ се приклучи на ЕУ. Амандманот не помина, бидејќи на Владата ѝ недостигаше доволно бројно парламентарно мнозинство. Сега работите, по претстојните избори, ќе тргнат на полошо, констатира во својата анализа „Фајненшл тајмс“, при што напоменува дека во меѓувреме, Бугарија треба да одржи парламентарни избори на 9 јуни – шесто вакво гласање во последните три години.

– Можеби нема директен победник, но фаворит во анкетите е конзервативната партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов. Сигурно е дека секоја влада предводена од Борисов ќе заземе тврд став за потребата од промена на Уставот на С. Македонија.

Бугарија и * Македонија наскоро може уште повеќе да се расправаат за едно од суштинските прашања, што треба да се реши за да се унапреди проширувањето на ЕУ – се вели во анализата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content