СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Ги поддржуваме сите напори за истрага на корупција во Македонија

Силно ги поддржуваме напорите на Македонија да бара одговорност од оние кои ја злоупотребуваат довербата на јавноста за лична корист, изјави за Гласот на Америка на македонски портпарол на Стејт департментот, на прашање за иницијативата на Министерството за надворешни работи да се санкционираат и дома лицата и субјектите што се ставаат на црната листа на САД.

Иако не коментираме за законодавството што се очекува, ние поздравуваме и силно поддржуваме какви било и сите напори за истрага на наводни коруптивни криминални активности и да се повикаат на одговорност оние кои ja злоупотребуваат јавната доверба за лична корист, изјавија од Стејт департментот.

Велат дека „институционалните и законски реформи кои ја зголемуваат транспарентноста и ја зајакнуваат борбата против корупцијата би биле добредојдени не само од меѓународната заедница, туку и од сите граѓани на Северна Македонија“.

Согласно предложените измени на Законот за рестриктивни мерки, правните акти на САД и Обединетото Кралство ќе бидат валидна основа за ставање на лица или компании на домашниот список на санкции.

Целта, како што рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе биде одржување на меѓународниот мир, безбедноста, почитување на човековите права и основни слободи, како и борба против корупцијата.

Поради вмешаност во значителна корупција, САД во текот на изминативе две години ги ставија на „црната листа“ поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, бизнисменот Орце Камчев, Ратка Камчева, Сергеј и Ирина Самсонеко.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content