Тргнат предлогот за изменување на Законот за заштита на населението од заразни болести

39

Собранието попладнево го утврди дневниот ред на 95-тата седница. Претседателот на Собранието Талат Џафери пред да почне расправата оцени дека од прва точка до шеста точка од дневниот ред не се исполнети условите да се отвори дискусија, а точките, како што кажа, ќе се разгледуваат кога за тоа ќе има услови.

Од дневниот ред беше тргната точката што се однесува на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести на барање на пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, која образложи дека овој предлог на закон е двосмислен, непрецизен, избрзан и со злоупотреба на европско знаменце. Нејзиниот предлог беше прифатен од мнозинството пратеници и беше тргната од дневниот ред.

– Овој предлог е мошне сериозен затоа апелирам да нема играње, да нема брзање со ваков предлог на закон и да се злоупотребува притоа европсктоо знаменце. Тврдам дека ова е класична злоупотреба на европско знаме. Ако сакате нешто да усогласите, усогласете го на една страна. Матична комисија за овој закон треба и мора да биде Комисијата за здравство. По однос на ваков предлог на закон мора да се организира јавна расправа, да се отвори широка дебата, да се прашаат експертите, нагласи Стојаноска.

Процедурално се јави пратеникот од редовите на СДСМ Јован Митрески, кој кажа дека овој закон е поврзан со европското право, но, како што рече, треба дополнителни консултации и дообјаснување на определени членови од законот бидејќи треба да се имаат предвид стручниот, здравствениот дел и почитувањето на правата на граѓаните според Уставот.

– Затоа, сакам да ги повикам членовите и замениците на Комисијата за здравство, но и на Законодавно-правната комисија да го имаат ова предвид, да седнат на заеднички состанок и да договорат и од стручен и здравствен аспект, но и од аспект на почитување на Уставот,

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова побара предлог-законот за изменување на Законот за социјална заштита по скратена постапка предложен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да се стави на разгледување на 95-та седница. Овој закон, како што кажа, се однесува за остварување право на личен асистент за лицата над 65 години со тешка попреченост и потполно слепи лица. Предлогот на пратеничката беше прифатен.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content