Тетово е небезбеден град, предупреди организацијата на жени на Вреди

16

Главните теми што се дискутираат меѓу граѓаните на Тетово се бегствата од затвор на опасни криминалци осудени за тешки кривични дела. Се случуваат истрели среде градските улици, пукотници на партиските собири, сообраќајни несреќи и општо, хаос во градот., Но мерки за подобрување на состојбите нема, ниту се изолираат опасните луѓе.

Исто така, има и значителен пораст на семејното насилство и насилството врз жените, но и овие случаи што се пријавени во полицијата воопшто не се третираат од СВР-Тетово, ниту и од другите соодветни институции на централната власт.

Како што може да се види од  медиумите и социјалните мрежи, СВР-Тетово е фокусирано само на организирање на политикчки собири за што поголемо присуство на припадниците на полицијата на собирите на ДУИ.

Во меѓувреме од граѓаните дознаваме дека тие добиваат телефонски повици од полицајци кои ги повикуваат да учествуваат на митинзи, или дури им наредуваат како да гласаат. Полицијата не е партиски орган, туку е институција која треба само да се грижи за безбедноста на граѓаните.

Денеска од тука ги повикуваме граѓаните на Тетово да не се подложуваат на заплашувањата на партиските полицајци. Истотака ги повикуваме нашите мајки и сестри да не се откажуваат и да не се плашат бидејќи промената ќе дојде со Вреди“, беше речено на собирот на организацијата на жени на опозициската коалиција.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content