Супер атмосфера во составот на Милевски

42

Исланд и Македонија во Рејкјавик се среќаваат по трет пат, а вкупно ова ќе биде петто соочување меѓу двете селекции.

Македонија на двете гостувања во Рејкјавик нема победа против Исланд, игравме прв пат во 1996 година и одигравме нерешено 1-1, потоа се сретнавме во 2008 годинаи загубивме со 1-0.

Селекторот Благоја Милевски на своето деби запиша нерешено со Ерменија во Скопје, сега сакаме победа на македонската репрезентација, и дебитантска за новиот селектор.

Исланд има настапи на  големите натпреварувања, беа хит на Еуро 2016 и Мундијалот 2018, но сега во групата „Ј“ имаат само три бода од четири средби, Македонија мал фаворит на ова гостување од кое сакаме три бода.

Атмосферата во Рејкјавик е позитивна, Александар Трајковски слави роденден, а посакуваме соиграчите да му го честитаат со триумф.

Македонија по 4 кола во групата Ј има седум бодови и се наоѓа на третото место зад Германија и Ерменија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content