СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

ССНМ ЗА СУДБИНАТА НА МЕДИУМСКИТЕ РАБОТНИЦИ!

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници по повод Меѓународниот ден на труд

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници по повод Меѓународниот ден на труд:

Само солидаризирани во борбата, новинарите и медиумските работници можат да се изборат за своите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо, порача Павле Беловски, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во видео-обраќање по повод 1 мај, Меѓународниот ден на трудот.

„Ако во земјава постоеја само десетмина новинари, седуммина ќе земаа потпросечна плата, четворица немаше ниту да имаат постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело. А кога шансите да добиете закани додека си ја вршите работата се 1:3, значи дека имате ризично работно место. Ова не се бројки, туку судбините на нашите медиумски работници“, вели Беловски.

Тој нагласи дека работничките права се предуслов за професионално новинарство. Од ССНМ порачаа новинарите да останат будни, гласни и непоколебливи.

„Сигурна работа значи достоинствено новинарство. Оној кој е социјално обесправен, оној кој е во подредена положба, оној кој е уценет со мизерна плата за опстанок – тој не е слободен. Токму на Меѓународниот ден на трудот сакаме да испратиме порака дека само сплотени и солидаризирани во борбата, ние новинарите и медиумските работници можеме да се избориме за нашите работнички права и враќање на дстоинството на новинарското перо“, порача Беловски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content