СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Се изигрува покачувањето на минималната плата

Кристина Апмева од „Гласен текстилец“ вели дека до нивната организација околу илјада текстилни работници пријавиле дека примиле помал износ на плата откако е законски утврден износот на минималната плата.

Главно на работничките им се исплаќа законски утврдениот износ од 18 илјади денари, но им се кратат пари од додатоците на плата. Станува збор за седум текстилни фирми од источна Македонија.

„Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд“, вели Ампева.

Седум текстилни фирми од источниот регион не исплатиле минимална плата. Ампева вели дека станува збор за околу илјада текстилни работници кои кај нив пријавиле дека им е исплатена плата под минималната.

Таа објаснува дека на нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка, вели, а пријавите се собрани за само пет дена.

Ампева се чуди како низ системот на државните институции поминува да се исплати под минималец и тоа за редовно работење и вели дека за случајот се информирани странските брендови за кои главно работат текстилните фирми.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content