Собранието одлучува за Комисијата за избори и именувања

39

Вака опозицијата го дочека обидот на спикерот Талат Џафери и пратеници од СДСМ да се стави точка за разрешување на Фадиљ Зендели од член во Комисијата за избори и именувања. Исклучениот микрофон не дозволи да се чуе што сè си рекоа па се вратија во пратеничките фотелји, но имаше и што да се чуе.

За опозициските партии, ова е преседан бидејќи не може пленумот да одлучува без соодветен материјал и без мислење на комисиите, а Комисијата има доволно членови за да заседава. ВМРО ДПМНЕ се закани со бојкот на координациите бидејќи власта набрзина одлучила да го смени составот на комисијата и да избере партиски уставни судии.

СДСМ го обвини ВМРО ДПМНЕ за лицемерие и потсети како се однесувале кога биле на власт.

Џафери го повика Фадиљ Зендели самиот да си даде оставка од Комисијата, исто како што во декември се повлече од потпретседател на Собранието, со образложение дека партијата БЕСА преминува во опозиција, а тој е избран како претставник на власта. Мнозинството инсистира на деловничкото правило за политички баланс во комисиите, според кој, местото на БЕСА треба да го заземе пратеник од СДСМ. Заради ваквите несогласувања, Комисијата не заседава со месеци, а Уставниот суд работи со пет од потребните девет судии.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content