Локално
Снег на планините, најмногу во туристичките центри (ФОТО)
Прогнозата на метеоролозите речиси се исполни, снег утрово има на речиси сите повисоки планини во земјава.

Снегот е добредојден за туристичките скијачки центри во земјава како што се Маврово, Попова Шапка, Крушево, Пониква и Копанки.
Според фотографиите може да се забележи дека утрово имаме насекаде снег и сонце.
УХМР инаку најавува снег и за во следните денови.