СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Возобновени коледарски песни првпат за Василица во Бигорскиот манастир

Во Бигорскиот манастир пред владиката Партениј, игумен на Бигорската Обител, и со негов благослов, првпат ќе бидат изведени возобновени коледарски песни или каланди, на празникот посветен на св. Василиј, меѓу народот познат како Василица, кој се слави заедно со Обрезанието Господово и Новата година по Јулијанскиот календар (1 јануари).

Бигорскиот манастир соопшти дека „Чалгија Мерак” во соработка со Бигорското братство, веќе подолго време работат на возобновување на коледарски песни, или каланди. Некои од нив од пред неколку години се возобновени во соработка со здружението Бадникови поворки.

Интересно е што дел од овие каланди потекнуваат од Мијачкиот крај. Инаку, оваа традиција е исконска. Народот порано имал обичај да се собере на овој ден за да отпее каланди пред владиката, пред градските првенци, чорбаџиите и на тој начин да му даде важност и духовно, православно значење на големите празници, информира Бигорскиот манастир.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content