СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Пронајдете ги кошничките во овие маркети во Прилеп и донирајте за секое семејство да има празнична трпеза каква што доликува

Во склоп на Новогодишните празници Факултетското студентско собрание на Економски факултет Прилеп организира традиционална хуманитарна акција.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

-Почитувани сограѓани, пред нас се Новогодишните празници и секој од нас заслужува да ги дочека со своите најблиски, во топол амбиент и скромна трпеза со храна. За таа цел традиционално и оваа година Факултетското Студентско Собрание на Економски факултет – Прилеп организира хуманитарна акција за собирање на храна, средства и средства за лична хигиена.

Во периодот од 15-25 декември секој од нас во зависност од можностите може да донира во маркетите коишто се наведени во овој пост, односно во поставените кошнички во маркетите кои ќе бидат обележани со нашите постери.

Сите кои што сакаат да помогнат на било кој начин може да не контактираат во Inbox или на емаил адресата: [email protected]

Сите собрани производи и средства ќе бидат соодветно распределени и поделени на оние семејства на кои навистина им е најпотребно.

За таа цел го замолуваме секој од Вас којшто е во можност да ја поддржи оваа хуманитарна акција и заедно да направиме незаборавни среќни моменти.

МАРКЕТИ КОИ ЈА ПОДДРЖАА ОВАА АКЦИЈА: Форум маркети, Шопе компани, Пата маркет, ЦИС маркет, Бонита Нине, Меше маркет, Гонито маркет, Тобако Дисконт, Вентура Трејд Дисконт, Кошница.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content