СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Нашиот тапанар Гаро Тавитјан со ново видео за големата светска компанија Зилџан

Нашиот неверојатно талентиран тапанар Гаро Тавитјан продолжува да реди успеси и забележливи соработки со брендови кои го бележат светот на музиката!

Гаро Тавитјан веќе три децении ја обогатува македонската музичка сцена со квалитетен ритам, богат музички звук и позитивен печат оставен низ светските музички води. По бројни соработки и настапи со светски музички имиња и препознавања како музички талент, Гаро го најави својот последен белег станувајќи заштитно лице за светски познатата компанија за чинели Зилџан.

„Ова беше многу долг процес и не го сметам само за мој личен успех колку што е тимска работа од многу години на моите најблиски и нивната подршка беше клучна. Чест ни е што ја ставаме Македонската и Скопската култура во светската музичка историја“, напиша Гаро Тавитјан на објавата на својот Фејсбук профил.

 

Видеото „Revitalization“ е дел од серијата „Artist Spotlight“ на Зилџан. Музиката, аранжманот и продукцијата се на Гаро Тавитјан, а свој удел во видеото имаат и светски познатиот музичар и добитник на Греми, Френк Гембејл, на гитара, и братот на Гаро, Диран Тавитјан на пијано соло.

„И благодарам на нашата сцена и на останатите земји каде настапував долги години и се надоградував и посебно на Американските концертни сали и компании каде влегов во светските „Bluе Note“, „Carnegie Hall“, „Nublu“, „Vic Firth“ (каде сум заштитно лице), „Modern Drummer“, „Remo“, „Drum Talk TV“ и останати институции. Благодарам и на сите наши феноменални музички колеги и пријатели во Скопје и низ цела држава“, додаде Гаро.

Гаро во изминатите години стана заштитно лице на бројни компании и звучни брендови за делови на тапани кои ги одбележуваат светот на тапанарите, а неодамна доби и палици на најдобрата компанија „Vic Firth“ со свој потпис.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content