Се враќа идејата за федерализација и Република Илирида

7

Оваа идеа првиот човек на движењето Неџат Беџети ја промовираше викендов на трибина која се одржа во зградата на Општина Тетово. Вели дека потписите за новиот политички субјект се речиси собрани, по што ќе следи обид за регистрација на партијата. Формирање на Република Илирида на територијата на Македонија и Собрание на Албанците со исти надлежности како постоечкиот законодавен дом ќе бидат клучните ветувања на оваа партија на претстојните избори.

„Треба да се промени позицијата и статусот на Албанците во Македонија, бидејќи сме население со компактно распространување и голем демографски број. Меѓународните норми, Повелбата на Обединетите Нации и документите од Хелсинки ни даваат право да имаме автономно владеење и да ја имаме Република Илирида, која е израз на волјата на граѓаните – Албанци. За да постигнеме регистрација како политичка партија и да учествуваме во изборите и изборната кампања, ќе го поднесеме барањето за федерализација на државата и ако ги освоиме гласовите на граѓаните, според автоматизам ќе го формираме Парламентот на Илирида, кој ќе функционира како втора Република во рамки на Македонија“, изјавил Беџети.

 

Правните експерти сепак велат дека ваквата идеа е спротивна на Уставот. Федерализација на државата е противуставен акт и политички субјект кој во својата програма и статут предвидува промена на државното уредување, не може да биде регистриран како политичка партија.

Идејата за формирање на Република Илирида не е нова. Исти вакви барања се провлекуваа и за време на реферндумот на Албанците во 1992 година, а пред 7 години движењето на прес-конференција пред споменикот Скендер Бег во Скопје објави Декларација со која прогласува Република Илирида со барање до Собранието за конфедерација на Македонија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content