СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Иницијаторите на Илирида нема да добијат ниту претседател на месна заедница

„Феноменот на „нон-пејперите“ и сега овој проект за „Илирида“ кој повторно се иницира, се промотори на националистичките политики во регионот, и не само во регионот кога затајува Европа, оцени премиерот Заев во интервју за ТВ Клан Македонија.

Тоа е сигнал и за Бугарија и за Брисел дека треба поинтензивно да го продолжат процесот на интеграција на регионот во ЕУ. Тоа е исполнување на долгот кон Западен Балкан, а кон Македонија тој долг е поголем десет пати. Северна Македонија е пример за земја која со својот концепт „Едно општество за сите“ ги обедини сите различни етнички заедници, рече Заев.

Повтори дека земјава е пример за решавање на регионалните и соседските прашања и оти е горд што премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вели дека Договорот од Преспа е модел и за решавање на отворените прашања меѓу Србија и Косово.

 

Дополнително треба да ја засилиме иницијативата за регионалната соработка, но повторувам: Одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде ЕУ со засилување на евроинтеграциските процеси за регионот, рече Заев.

Премиерот додаде и дека националистичките проекти како оние што се промовираат во некои од нонпејперите како и овој за „Илирида“, не поминуваат и нема да добијат ниту претседател на месна заедница, а не советник во општина или пратеник.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content