СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Се празнува Св. великомаченичка Ирина: Самата легнала во гроб, по четири дена телото го немало

Пенелопа така се викаше пред да се крсти, беше ќерка на некој мал цар, чија престолнина беше некојси балкански град Магедон. Родителите и беа незнабошци. Во христијанската вера ја воведе некој учител Апелијан, а потоа неа и нејзините дворски дами ги крсти свети Тимотеј, ученикот на апостол Павле.

Света Ирина во срцето се одлучи да живее девствен живот. Кога татко и слушна за тоа, се разлути и сакаше да ја стави на маки, но таа на чудесен начин го обрати во Христовата вера.

Подоцна претрпе многу тешки измачувања од неколку цареви. Царот Савориј дури и ја умртви, но Бог повторно ја оживеа. Нејзината проповед и чудата што Бог ги правеше преку неа приведоа многу незнабошци во Христовата вера.

Најпосле, таа самата легна во гроб и му кажа на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија гробот, таа не беше внатре. Така Бог ја прослави оваа голема маченичка и светителка.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content