СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2021

ВМРО ДПМНЕ – фер и демократска изборна кампања

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата од Прилеп ја започнаа изборната кампања пред споменикот на Метоја Андонов Ченто и општината.

Носителот на листата, Дејан Проданоски, посочи дека во наредните четири години со нивното доаѓање на власт, општина Прилеп ќе биде вистински сервис на граѓаните.

– Советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е составена од чесни, вредни кандидати, професионалци ценети во својата област, кои си го сакаат градот и кои се спремни со сето свое знаење да придонесат за развој на Прилеп. Ова е победничкиот тим, од економисти, доктори, интелектуалци, спортисти, бизнисмени, млади. Вистински спој на знаење и искуство, надополнето со енергија и визионерство. Пред вас почитувани граѓани, заедно со нашиот кандидат за градоначалник д-р Борче Јовчески, излегуваме со реална и остварлива програма, со конкретни проект и решенија. Нудиме вистински решенија за сообраќајниот хаос во градот, проекти од областа на комуналната и патната инфраструктура, проекти за обновливи извори на енергија…Наш фокус ќе биде образованието и враќањето на приматот-Прилеп најчист град во Македонија. Старата чаршија ќе блесне како што заслужува. Ќе се погрижиме за подобар живот и во населените места. Нашата визија, а и ваша, е Прилеп да биде модерна општина во која ќе живеат задоволни граѓани – рече Проданоски, барајќи граѓаните да гласаат за бројот 7, за Прилеп да чекори напред и да се развива.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content