СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Револуционерни роботи-земјоделци во Калифорнија

Роботите со вештачка интелигенција можат да се грижат за фармите поодржливо отколку традиционалното земјоделство, според новата компанија „Ајрон окс“ во Силиконската долина во САД.

Извршниот директор Брендон Александар не може да биде обвинет за неискуство кога станува збор за производство на храна. Тој секое лето од детството го минувал на имотот на своите предци во Тексас, одгледувајќи памук, компири и кикирики. Потоа дипломирал во областа на информатичките технологии. Со ова знаење, Александар почнал бизнис со самостојно земјоделство во 2018 година, во Гилрој, Калифорнија.

За да го елиминираме отпадот, за навистина да го достигнеме следното ниво на одржливост и влијание, треба да го преиспитаме целиот процес на одгледување, објаснува тој.

Целта на новата земјоделска технологија е да го направи земјоделскиот сектор независен од јаглерод. И, досега се обезбедени 47 милиони евра (53 милиони американски долари) од инвеститори – вклучувајќи го и Бил Гејтс.

Во стаклена градина на компанијата, со помош на роботите Гровер и АДА, се одгледуваат босилек, јагоди и други култури, користејќи хидропонски систем.

Податоците за земјоделските култури постојано се собираат за вештачката интелигенција да научи што им треба на растенијата, во смисла – подобрени приноси и намалено негативно влијание врз животната средина. Така, пријавените придобивки покажуваат 30 пати зголемен раст во споредба со нормалните фарми co користење на 90 отсто помалку вода и струја.

Земјоделството досега е втората најголема причина за глобалното затоплување.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content