Работниците од „Колска“ утре пак ќе ги блокираат возовите

14

Тони Арсовски, претседател на синдикалната организација во „Колска“ при ССМ вели дека стравуват што ќе се случи со нив, затоа што веќе 6 месеци сметката на компанијата е блокирана од страна на УЈП. Сепак, со цесии, тие успевале да земат плати, заклучно со мајската.

За јуни не сме земале плата. Од друга страна земаме плати под минималната плата. Минималната плата е основна, така што не треба да се добијат само 18.000 денари, на неа треба да има и додатоци, како што е минат труд, потоа, согласно нашите акти – 10 проценти за квалитет и 30 проценти за рационално искористено време. Тие додатоци ги има откако јас сум тука на работа, а работам во фабриката 24 години – вели Арсовски.

Тој објаснува дека фабриката има работа, дека од крајот на минатата година досега се сервисирани 60 цистерни на приватна компанија, а дека тука се сервисираат и вагони од МЖ Транспорт.

Во „Колска“ сега работат 78 работници.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content