СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

(видео)Пет владини министри на чело со Ахмети и Џафери во посета на фабрика за душеци на Косово

Пет министри од редовите на ДУИ заедно со спикерот Џафери и лидерот на партијата Ахмети во саботата (02.09.2023) беа во посета на фабриката за производство на душеци „Деволи корпорација“ во Ѓаковица на Косово, објавија тамошните медиуми.

Во насловот на видеото објавено на телевизијата „Клан Косова“ се цитира Али Ахмети кој вели: „ Деволи корпорација, богатство за земјата“.

Но македонската јавност се прашува во кое својство во саботата отпатувале министрите на македонската влада Артан Груби, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири во посета на фабрика за душеци во Косово.

На видеото се гледа дека тие го проверуваат квалитетот на душеците и прават обиколка на фабриката.

„Со целиот тим од Северна Македонија, владиниот кабинет, претседателот на Собранието, дојдовме да ја видиме оваа големина, сета оваа голема инвестиција за Косово, каде пет илјади семејства јадат леб од оваа организација. Пет илјади семејства го организираат животот, училиштето, затоа нема поголемо богатство за државата од овие луѓе кои ги ризикуваат своите инвестиции, својот капитал, своите умствени и физички способности, за да му служат на народот“, рече Ахмети.

Како што пренесува ТВ Клан тој рекол дека нивната радост ќе се удвои доколку корпорацијата Деволи ја изгради истата „Комодита“ и во Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content