СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Една евтина намирница го намалува притисокот за миг!

Ризикот од висок крвен притисок може да се намали со само две едноставни промени во исхраната. Треба да поведете сметка за внесувањето на едната намирница, а другата да ја „зголемите“ во секојдневната исхрана!

Намалувањето на крвниот притисок ќе се одрази на здравјето на целиот организам – ќе ве заштити од срцеви заболувања и бубрежни заболувања, како и од дегенерација на видот или когнитивните способности. А најефективниот начин да го направите тоа е да ја поправите вашата исхрана!

Студијата објавена во британско списание покажа дека додавањето на мешунките во исхраната е ефикасен начин за намалување на крвниот притисок без лекови. Мешунките содржат многу влакна, протеини и калиум, а сето тоа заедно го намалува притисокот на природен начин. Мешунките имаат и низок гликемиски индекс, што ги прави совршени за луѓе кои внимаваат на нивото на шеќер во крвта.

Водете сметка за внесот на сол, кој треба да го намалите доколку ве мачи притисокот. Многумина не знаат дека овој виновник за хипертензијата може да биде скриен дури и во водата! Тука повторно на сцена стапуваат мешунките, бидејќи калиумот што го содржат му помага на телото да се ослободи од натриумот, односно солта која го зголемува крвниот притисок. Колку повеќе калиум внесувате, толку полесно вашите бубрези ќе се справат со солта! Калиумот ги опушта ѕидовите на крвните садови, што дополнително доведува до намалување на притисокот.

Затоа, внимавајте на внесот на сол и секој ден јадете грав, леќа, наут и друга храна од ова „семејство“. Вкусни се, не се скапи и срцето ќе ви биде благодарно!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content