СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Денеска е Св. свештеномаченик Автоном

За време на прогоните на Диоклецијан, Автоном кој беше по потекло од Италија се пресели во областа Витинија во Мала Азија, во некое место Сореос.

Во црквата тој беше епископ. Во Сореос ја подигна црквата Свети Архангел Михаил. Близу Сореос се наоѓаше местото Лимна, населено исклучиво со незнабошци. Свети Автоном го проповедаше Евангелието и тука и многумина обрати во евангелската вера. А незнабошците се озлобија поради тоа.

Еден ден тие навалија во храмот Свети Архангел Михаил и го убија свети Автоном во олтарот, а убија и многу други христијани во храмот.

Во времето на Константин на гробот на свети Автоном беше подигната црква, а 150 години потоа беа пронајдени и нетлените мошти на овој светител, преку кои многумина добија исцеление.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content