СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Забрана за тешки моторни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Воведената забрана за тешки моторни возила на патниот правец Охрид-Битола и обратно преку планинскиот превој „Ѓавато“ на 02.02.2022 година во 07:10 часот е укината.

Воведената забрана за тешки моторни возила како што информира АМСМ, кај Мавровска крстосница и обратно преку планинскиот превој 02.02.2022 година во 07:30 часот е укината.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има за планинскиот превој Ѓавато како и на патните правци Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content