Притисоци и закани врз вработените во владата откако најавиле протест пред Влада

17

За прв пат во историјата пред Владата ќе протестираат вработените во Владата. Ваквите случувања се резултат на то што надлежните немаат слух за покачување на платите на вработените.

Револтот на вработените во службите на Владата кулминирал откако беа покачени платите на вработените во Министерството за финансии, Собранието и некои други институции, а особено откако функционерите во Владата добија априлски плати повисоки за 78%.

Одговорот што го добиваат континуирано, според упатени извори е – пари нема.

Преку Синдикалната организација на вработените во Владата течеле разговори околу покачување на платата на вработените. Разговорите пред се биле водени од генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, кој наводно имал целосно разбирање за барањата на вработените, ги поддржувал и ги пренесувал нивните барања.

Сепак, на разочарување на вработените резултат од сите тие активности немало и синдикатот кој формално е дел од УПОЗ најавува протест пред Влада во вторник, на 6 јуни година.

По најавата, шефот на Кабинет на премиерот Мартин Попов повикал на разговор претставник на синдикатот, наводно инсистирајќи да дојде сам.

На тој состанок биле упатени барања да се откаже протестот, да се добие повеќе време да се разгледаат барањата, но и низа закани, најави за казни, прераспределувања, укинувања на сектори и разни други притисоци кон вработените. За време на тој состанок внатре во Владата започнало спонтано собирање на вработените на кои подоцна им биле пренесени барањата и заканите. Ова создало дополнителен револт и гнев кај вработените, кои сепак на состанок одлучиле да дадат дополнително време за разговор, но во исто време едногласно ги отфрлиле заканите и најавиле дека нема вечно да ги трпат овие игри на купување време, а особено не методите на заплашување и притисоци.

Брифираат дека по прашањето има целосна едногласност и сплотеност и дека во најкус можен рок ако нема решени за покачување на платите ќе дојде до протест, штрајк и до блокада на самата Влада од внатре, од оние кои ја вршат целата работа на Владата, а очигледно на никој од функционерите не им се битни нивните примања.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content