СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Известување од црковните храмови во Прилеп за престојната Духовденска Задушница

Соопштение од прилепските црковни храмови по повод престојната духовденска задушница

Се известуваат верницоте дека за духовденската задушница промени за починатите во нашиот храм ќе се извршуваат во петок и сабота, НАУТРО во периодот од 7:00 – 9:00 часот (односно по завршувањето на Божествената литургија) и ПОПЛАДНЕ од 17:00 – 18:00 часот (односно по завршувањето на вечерната богослужба). Промените на гробишта ќе се извршуваат во вообичаените термини, односно на НОВИТЕ ГРОБИШТА со почеток во 12:00 часот и на СТАРИТЕ ГРОБИШТА со почеток во 13:00 часот, во петок и сабота а в недела после 10:00 часот – стои во соопштението на црковниот храм Св. Петка.

-По повод Духовденската задушница се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа, помените ќе се прават според следниот временски распоред:

Нови градски гробишта – петок и сабота од 12 часот.

Стари градски гробишта – петок и сабота од 13 часот.

Храм Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и храм Света Петка – Точила
– Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07 часот
– Вечерна богослужба, петок и сабота од 17 часот.

Блудците ќе се пејат одма после службата.

Упокој ги Боже Твоите слуги, и во рајот всели ги каде што е соборот на Твоите свети, Господи, и каде што праведниците светат како светила: починатите слуги Твои упокој ги, превидувајќи ги сите нивни согрешенија.

Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно – известуваат од црковниот храм Св. Кирил и Методиј (Параклис).

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content