Прилеп на Кузманоски реди победи, рутински совладан Младост од Богданци

43

Домаќинот доминираше во секој дел од играат на овој натпревар. Уште на полувреме можеше да се заклучи дека бодовите ќе завршат кај прилепчани.

Одличната игра во напад на Прилеп ја направи разликата во воведните 30 минути. Гостите од Богданци имаа проблеми со разиграниот противник, кој постигна 16 и прими десет гола и замина на пауза во подобро расположение.

 

Избраниците на Кузманоски на моменти имаа падови во играта, но не доволни за да ја испуштат убавата залиха. Им помогна и заморот кај гостинскиот тим, кој сепак не можеше да се избори за чудесен пресврт.

Ветеранот Чантурија реализира седум, а идентична бројка зад своето име на спротивната страна запиша Лупашко.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content