Прилепските градинки подготвени утре да ги отворат вратите за децата

33

Шесте прилепски градинки се подготвени од утре да ги отворат вратите за престој на децата според сите протоколи и заштитни мерки.

Според Орце Тодоровски, директор на детските градинки „Наша иднина“ во шесте градинки ќе престојуваат 606 деца од поранешната бројка од  1 500.  Направени се сите подготовки за да биде сѐ според протоколите.

Секое утро на влезот ќе бидат прифаќани децата, ќе се мери температурата, ќе се одржува дистанца помеѓу групите. Во јаслите се по шест, а во поголемите групи максимум по 15 деца. Просториите комплетно се исчистени, децинфицирани. Исчистени се и дворовите каде најмногу ќе се одвива престојот. За преспивање ќе се запазува растојанието, храната директно ќе ја делат негувателките и воспитувачките, објаснува Тодоровски.

Потребата од простор се појавува за јаслите каде се по шест деца. Ќе има пренамена.

Има простории кои ќе ги пренамениме, меѓу кои се и трпезариите кои сега се без функција. Ова е за да им помогнеме што повеќе на родителите зашто има интерес да ги носат децата. Се знае, приоритет имаат самохраните родители и родителите на кои нема кој да им ги чува децата, рече Тодоровски.

Засега четирите градинки во населените места ќе останат затворени, зашто родителите таму се изјасниле дека немаат потреба.

Инаку, доколку се појави евентуален случај на корона, со симптоми, веднаш, вели Тодоровски, има можност да се изолира и групата. Но, се најдеваат дека според мерките за заштита и протоколите, нема да дојде до тоа.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content