СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

80 години од убиството на Страшо Пинџур и Мирче Ацев, македонските народни херои биле ѕверски мачени

На денешен ден пред 80 години во Скопје убиени се македонските народни херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев.

Бугарската полиција го убила Страшо Пинџур по повеќедневно ѕверско мачење. Бил член на КПЈ од 1934 годин. Роден бил во селото Ваташа, Кавадаречко, на 5 март 1915 година.

Ацев бил убиен по петдневно мачење од бугарската полиција која го фрлила низ прозорец. Правиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија го добил неговото име.

Бил член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ореовец, Прилепско, на 26 септември 1915 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content