Практикувајте го овој начин на утринско туширање за инстант будење

36

Утринското туширање пред сите дневни обврски е одлична навика, но само доколку ја користите вистинската температура на вода. Ако по будењето сакате да се истуширате со топол туш, правите повеќе штета отколку добро.

По напуштањето на топлиот туш и враќањето назад во студената просторија, се забележува нагло опаѓање на телесната температура и поради тоа целиот организам се опушта и повторно заспива.

 

Експертите препорачуваат постепено да ја менувате температурата на водата – топла, потоа студена и така натаму до последната минута од туширањето кога треба да ја пуштите ладната вода да тече низ вас.

Оваа промена ќе ги отвори капиларите, ќе ја подобри циркулацијата во телото, ќе ве разбуди и подготви за работниот ден. Покрај тоа, различни студии покажаа дека туширањето во ладна вода ја зголемува толеранцијата на стрес, го зајакнува имунитетот и помага при согорување на маснотиите, пренесува „The Sun“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content