СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Со секоја пратка, производите се „собираат“ како да биле на вриење

Можноста да се продаваат се помали и помали пакувања, се оправдува и со демографските промени, односно со фактот дека има се помалку традиционални семејства, на кои им требаат помали пакувања храна.

Чоколадите се намалија од стандардните 100 на 90, а се повеќе на 80 грама. Тежината на лебот варира од 400, 500, 600 грама, а павлаката наместо 200 грама, тежи 180 или 150 грама во зависност од брендот. Денес има помалку супа во кесичката, јогурт во чашката, па и чипсот не е она што беше порано. На домашниот пазар, има сѐ повеќе артикли во сѐ помали пакувања, иако цените им се наводно непроменети, забележуваат граѓаните. Нагласуваат дека на тој начин, производителите, незабележително ги поскапуваат производите и ги оштетуваат потрошувачите.

Речиси сите производи „загубија“ на тежина. Наводно не поскапуваат, ама се „собираат“, како перење на висока темпоература, па така, индиректно, се зголемуваат цените. Овие скриени активности се директен атак на потрошувачката кошница. Ние купуваме по навика и не може постојано да проверуваме дали грамажата на производите е променета.  Производителите не манипулираат, така што ги намалуваат пакувањата, но не и цената, велат граѓаните.

Во морето шеми за справување со падот на прометот, пред петнасеттина години се официјализираа тактики, кои на производителите им помогнаа да ги задржат приходите, без да ги качуваат цените. За потсетување  во 2007 година, Европскиот парламент и Совет ја усвоија Директивата 2007/45/EC, со која се укинаа претходните прописи за задолжително стандардно пакување на прехранбените производи. Ова значеше дека европските земји членки, нема да можат со закон да пропишуваат дека млекото треба да се продава во пакување од четврт, половина или литар, а на производителите им се остави можност сами да го одредат пакувањето.

Оваа директива на ниво на ЕУ и поедините земји, ги укина задолжителните пакувања за речиси сите видови производи. Постоеја и исклучоци, како вината, жестоките пијалаци, инстант кафето и белиот шеќер, но низ годините и нивните пропишани пакувања се „смалија“, велат експертите.

Финта „помало пакување по иста цена”

Првите трговски финти за „помало пакување по иста цена“, одамна се применуваат во САД. Странските експерти велат дека помалите тегли со мајонез, парчето спакувано сирење или полесната табла чоколадо, не значат дека производителите повеќе се секираат за нашето здравје и килажа. Тактиката позната како „гроусери шринк реј“ или „собирање на стоката на полиците“, е алузија на мотиви од научната фантастика. Попластично, кесичките и кутиите во продавниците се смалуваат, а цените остануваат исти. Се случува да не забележите дека  помодерното пакување е „полесно“ од претходното, ама наводно „подобро ја чува свежината на производот“. Производителите се оправдуваат со поскапувањето на основните суровини и  горивата и се водат според логиката, дека купувачите во ова време на глобална криза, повеќе ќе се налутат поради поскапувањата, отколку од помалите пакувања. Затоа и појавија чоколади од 75 и 90 грама, помали пакувања пелени, шеќер со тежина од 900 грама, масло за јадење од 0,75 литри и слично, односно производите се „собираат“ како по перење на висока температура.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content