СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

По пет месеци премиера во Прилеп, Фестивалот „Војдан Чернодрински” од 1 до 10 октомври

По околу пет месеци, вечер од 19 часот на сцената од приелпскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Мендо и Мајло", во режија на Игор Трпче, независен проект на „театарска работилница", поддршан од Министерството за култура.

Станува збор за социјална дуо-драма, но и комедија, по текст на прилепската авторка Мирјанка Ристеска Селчанец и говори за двајца повозрасни луѓе, кои по игра на случајот се нашле во притворската келија на затворот Шутка. Мендо е обвинет за убиството на сопствената невенчана жена, која всушност, починала во сон, а Мајло е ром – дрвокрадец, кој истотака е обвинет за убиство на шумарот, кој несреќно загинал, откако неговата магарица ја превртува колата со дрва.

Според режисерот Игор Трпче ова е возбуда за актерско и театарско-сценско остварување кое трпи во периодот на пандемија.

 

Се отвора приказната за двајца луѓе, од различни општествени слоеви кои во вакви околности се отвораат, се зближуваат многу, покрај големите предрасуди кои едниот за другиот ги имаат – од различни националности се, едниот е Ром, другиот Македонец. Ова е социјална драма која допира до речиси сите иако секому не с еслучува, но е честа ситуација. Задоволство е што по толку голема пауза, актерите и ние сме на сцената. Верувам дека е голема возбудата и мислам дека за првпат сфативме колку ни недостасуваат културата, театарот, концњерите и воопшто, културниот живот, вели Трпче.

Актерот Андон Јованоски копнее да се врати на „штиците што живот значат”, да игра пред публиката, па макар и со протоколи.

Бев жеден за работа, верувам како сите мои колеги глумци. Овие „штици што живот значат” ми недостасуваа. Јас од преставата „лажговци”, во февруари минатата година не сум на сцена година и половина, освен некое гостување во Загреб. И сега се радувам, како мало дете. И публиката постојано ме прашува за претстава. Се надевам дека ќе се вратиме во нормала и дека така ќе го продолжиме животот, вели Јованоски.

Копродуцент е Центарот за култура „Марко Цепенков” кој ги отстапи просториите во прилепскиот театар. Публиката, според протоколите,че биде присутна ограничено, само по 50 билети се за неа, но е желна за театарска претстава.

Во претставата играат актерите, доајени на прилепскиот театар Трајче Иваноски – Пепио и Андон Јованоски – Ашата. Музиката, тонот и светлото се наТоме Темелкоски, а костимите на Бојана Артиновска Трпческа.

Инаку, прилепскиот театар годинава треба да подготви три претстави. На првата се работи и треба премиерно да биде прикажана на крајот на јуни. Термин за одржување има и Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински”, од 1 до 10 октомври. Лани фестивалот, поради пандемијата, не го одржа 55-тото, јубилејно издание.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content