СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Пункт за масовна имунизација во Прилеп

Новиот регионален пункт за вакцинација од вторник започнува со работа.

Дневно се планира да бидат вакцинирани над илјада грагани кои сега се принудени за ова да патуваат во Скопје или Битола.

Целокупниот стручен медицински кадар од Прилеп кој работеше на вакцинација во Битола ќе биде повлечен во прилепскиот пункт кој ќе работи 12 часа во 20 кабини.

 

На последната симулација е потврдено дека се исполнети сите норми за безбедно вакцинирање а и самата локација до општата болница е дополнителна сигурност дека евентулани непредвидени негативни појави веднаш ќе се санираат. Досега во прилепскиот регион се вакцинирани околу 2000 граѓани.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content