Почна есента

55

Првиот есенски ден е 266-от ден, во 38. седмица од годината, и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето изгреa во 6 часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути.

Есента ќе трае до 21 декември во 23 часот и 48 минути, кога календарски започнува зимата.

Според прогнозата на синоптичарите, на првиот ден од есента времето ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 20 степени.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content