Култура
Помалку бебиња и бракови во второто тримесечје од 2022
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4.379.

Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4.760 и бележи намалување од 33.4 % во споредба со лани. Од нив, 22 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2.670 бракови. Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.