Погрешени знамиња и во учебниците и пред државниците

25

Учениците во Македонија се нивоа пред своите другари од светот. Додека другите учат само знање, нашите деца учат и незнаење.

Така, ако мислите дека е случајно она протоколарно срамотење со знамињата, во заблуда сте. Или можеби не сте биле на часот кога се учело незнање во македонските школи.

Ете, од учебникот по географија за 8 одделение одговорните ученици кои не бегаат од часови ќе научат дека она што сите го знаеме за знаме на Шпанија, е всушност знамето на Португалија.

Така, нашите најдобри ученици, вооружени до заби со незнање, утре кога ќе станат дел од протоколот на Владата или на МНР, достојно ќе не срамотат пред светот. Едноставно е, само треба да не скокате лекции.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content