СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

ПРИЛЕПСКИТЕ СПОРТИСТИ ДОНЕСОА ЕВРОПСКИ МЕДАЛИ ЗА НАШИОТ ГРАД И НАШАТА ДРЖАВА!!!

На 22 и 23.10.2022 во Кожани Грција во организација на Европската Кураш Конфедерација се одржа Европско Првенство во Кураш ( боречка вештина сродна на џудото) за кадети-ки, јуниори-ки и сениори-ки. На ова натпреварување настапија околу 280 натпреварувачи од 16 европски држави.

Македонската Кураш репрезентација настапи со вкупно 20 натпреварувачи во трите возрасни категории при што се освоени 15 медали (4 златни, 4 сребрени и 7 бронзени).

Половина од репрезентативците се членови на Џудо клубот Сеишин Прилеп од кои 8 се медалисти.

Резултати поединечно:
Кадетки:
1. Теа Настоска кат. -44 кг. 3 то место ( Сеишин)
2. Елеонора Илиоска кат. 48 кг. 3 то место( Сеишин)
3. Амина Факиќ кат. -63 кг. 2 ро место
Кадети:
1. Јован Стојановски кат. -55 кг. 2 ро место (Сеишин)
2. Михаил Димоски кат. -66 кг. 3 то место(Сеишин)
3. Ахмет Факиќ кат. -73 кг. 3 то место
Јуниори:
1. Омар Факиќ кат. -100 кг. 2 ро место
Јуниорки:
1. Магдалена Најдоска кат. -52 кг. 1 во место(Сеишин)
2. Кристина Мантароска кат. -63 кг. 1 во место (Сеишин)
3. Мартина Јанкоска кат. -78 кг. 1 во место. (Сеишин)
Сениори:
1. Алберт Реџиќ кат. -90 кг. 3 то место
2. Бајро Машовиќ кат. +100 кг. 3 то место
Сениорки:
1. Теодора Димеска кат. -48 кг. 1 во место (Сеишин)
2. Маја Бобан Реџиќ кат.-87 кг 2 ро место.

Одлични борби прикажаа и Теона Настоска -44 кг ( Сеишин) кај кадетките, Мусај Бислими -50кг, Михаил Стојановски-60 кг.( Сеишин) и Петар Петров -60 кг. кај кадетите како и Ернес Реџиќ -100 кг. кај сениорите но не изборија место на пидесталот.

Нашата репрезентацијата настапи и во екипна конкуренција микс тимови ( мажи+жени) каде е освоено 3 то место. Во оваа конкуренција 1 место беше Грција додека второто место и припадна на Турција.

Составот на Македонската Кураш Репрезентација го предводеше тренерот и селектор Дејан Мицкоски, официјален претставник беше Претседателот Ердал Факиќ а официјален судија на натпреварувањето за кадети и јуниори беше Маја Бобан Реџиќ додека во сениорска конкуренција и самата имаше настап за нашата репрезентација.

Со ова Македонија испишува нова историја во меѓународните настапи во Боречките Спортови.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content