Победа триумфално во битолско Црнобуки

61

Тренерот Крстески на овој меч им даде шанса на сите расположиви фудбалери, со исклучок на Кукески (посериозна повреда на коленото) и Дунимаглоски (полесна повреда).

Во двете полувремиња настапија различни состави, а единствен кој одигра 90 минути беше Стомнароски.

Разликата во квалитетот беше евидентна па покрај 3-те гола прилепчани пропуштија барем 6-7 изгледни шанси, а голманите Столевски и Котевски имаа по 1-2 сериозни одбрани.

Стрелци на головите беа: за 0-1 Бојан Спиркоски во 6-тата минута со шут од 16 метри по асистенција на Најдов, за 0-2 Андреј Петкоски во 16-тата минута со глава по центаршут на Даниел Карчески и за 0-3 Филип Спиркоски по соло акција и прецизен шут од 12-13 метри.

Победа 1 полувреме: Столевски, Дигаловски Стомнароски, Петкоски, Кисески-Илијоски, Карчески, Момироски, Ангелески, Јошески, Најдов и Б.Спиркоски.

Победа 2 полувреме: Котевски, С.Спиркоски, Дебрешлиоски, Поп-Антоски, Митрески, Бошески, Јосифоски, Стомнароски, Неделков, Ф. Спиркоски и Алимоски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content